Local training in North Macedonia

Local training in North Macedonia

Сина Светулка успешно организираше специјализирана локална обука на 19 јуни 2025 година, во рамките на проектот „Ready4School“ финансиран од ЕУ.

Обуката се одржа во предучилишната установа ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ во Скопје и ги обедини воспитувачите и професионалците со цел унапредување на нивните вештини за поддршка на децата со нарушувања од аутистичниот спектар (НСА) во нивниот премин во основно училиште.

Работилницата беше фокусирана на подучување на вештини за подготвеност за училиште преку предучилишна програма базирана на ABA методологија, зајакнувајки ги учесниците со практични стратегии за инклузивно образование. Воспитувачите стекнаа теоретски знаења за аутизмот и применета анализа на однесувањето, како и практично искуство со методи за проценка и интервенција.

Клучни елементи на обуката беа:

  • Разбирање на аутизмот и основните принципи на AБA.
  • Користење на структурираните алатки за проценка на подготвеност за училиште.
  • Практични демонстрации на диференцирани наставни планови за час прилагодени за предучилишни услови.
  • Стратегии за обезбедување полесен премин на децата со НСА во основното училиште.

Преку интерактивни вежби и групни активности, учесниците вежбаа примена на нови пристапи за подобрување на квалитетот на предучилишното образование и обезбедување еднакви можности за децата со аутизам.

Оваа локална обука ја истакнува важноста на градење на капацитетите на воспитувачите и промовирање на инклузивно рано детско образование во република Северна Македонија. Таа директно ја поддржува мисијата на проектот „Ready4School“ – намалување на бариерите и подобрување на образовните исходи за децата со аутизам низ Европа.

Сите учесници добија признание и официјални сертификати за својот професионален развој, што претставува значаен чекор во зајакнување на инклузивните практики во предучилишните установи во Скопје. Учесниците изјавија дека стекнале не само нови знаења, туку и практични алатки кои ќе им помогнат во иднина, дека дефинитивно ќе ги користат материјалите и апликацијата, како и дека ќе одржат презентација за материјалите пред своите колеги во предучилишните установи од каде што доаѓаат.