Добредојдовте во библиотеката на проектот Ready4School! Овде ќе најдете сеопфатна збирка на сите ресурси и материјали од проектот, достапни за превземање во PDF формат на јазикот на секој партнер. Нашата цел е овие едукативни материјали да ги направиме лесно достапни, со што би го поддржале усовршувањето на воспитувачите и подготвеноста за училиште на децата со НСА низ цела Европа. Во продолжение, секој материјал е пропратен со краток опис, за да Ви помогне брзо да одредите кој најмногу одговара на Вашите потреби.

Едукативен комплет за училишна подготвеност за наставници од предучилишна возраст

Извештај за проценка на потребите

🟣 Проценката на потребите беше спроведена со цел да се идентификуваат клучните предизвици со кои се соочуваат воспитувачите кои работат со деца со НСА. Проценката вклучуваше преглед на литература и темелни интервјуа со наставници и стручњаци од шесте земји партнери. Резултатите може да ги пронајдете во следниот извештај со кликнување на текстот или иконата.

Збирка на цели и анализа на задачи

🟣 Овие анализи на задачи и цели се појдовна точка за тековна проценка и опсервација од страна на професионалците и треба да се прилагодени на индивидуалните потреби и способности на детето со НСА. Тие ќе помогнат да се идентификуваат оние области кои ги одразуваат силните страни на децата и оние за кои е потребна дополнителна поддршка, така што соодветните интервенции и планови за учење ќе можат да се адаптираат на начин на кој ќе обезбедат успех кај сите деца.

Листи со податоци за следење на напредокот

🟣 Структурираните промероци се наменети за користење на воспитувачите и професионалците со цел систематско бележење и евалуација на напредокот на децата со НСА во развојот на вештините за подготвеност за училиште, како и за планирање на интервенциите за поддршка на нивните специфични потреби за учење како би биле подобро подготвени за основно училиште.

Планови за лекции

🟣 Планови за часови Плановите за часови ја надополнуваат основната наставна програма со обезбедување структуирани активности засновани на АБА методологијата, прилагодени на развојните потреби на децата. Секој час е внимателно обмислен за развој на основни вештини- од следење на упатства и споделување до справување со премини и развој на емпатија. Преку вклучување на диференцирани упатства, сензорна поддршка и интересни материјали, водичот обезбедува пристапност и ефективност за сите ученици, вклучувајќи ги и оние од спектарот на аутизам.

Прирачник за наставна програма

🟣 Предучилишната наставна програма Ready4School, која се базира на применета анализа на однесувањето (AБА), е наменета за подготовка на деца, особено оние со нарушувања од спектарот на аутизам (НСА), за преминот во основно училиште. Нашиот пристап, заснован на докази, се фокусира на севкупниот развој, вклучувајќи когнитивни, социјално-емоционални и комуникациски вештини, истовремено земајќи ги во предвид сензорните потреби и поттикнувањето на вештини за саморегулација. Преку интегрирање на иновативни стратегии за учење и инклузивни практики, се стремиме да создадеме достапни училишни средини кои поддржуваат и ангажираат и каде секое дете може да напредува.

Едукативен комплет за училишна подготвеност за наставници од предучилишна возраст

Алатка за проценка на вештините за подготвеност за училиште

🟣 Успешниот премин во училишната средина бара некои основни вештини, социјални вештини и вештини за саморегулација од страна на детето. Алатката за проценка за подготвеност за училиште е вреден инструмент за воспитувачите и згрижувачите кои сакаат точно да ги одредат подрачјата на силните страни на детето како и оние за кои можеби би им била потребна дополнителна поддршка во развивањето на тие клучни вештини.

Апликација за проценка на подготвеност за училиште

🟣 Моќна апликација дизајнирана да ги поддржи воспитувачите и негувателите кои работат со деца со нарушувања од спектарот на аутизам (НСА). Таа помага во прецизно утврдување на подрачјата каде детето со НСА покажува силни страни, како и на оние каде што му е потребна дополнителна поддршка за развој на клучни вештини. Овие вештини се внимателно структурирани за да се нагласи развојниот напредок потребен за успех во предучилишна средина, подготвувајќи ја основата за полесен премин од предучилишно во основно образование.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се исклучиво на авторот(ите) и истите не ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Европската унија и Европската извршна агенција за образование и култура не се сметаат одговорни за изнесените ставови. 2023-1-CZ01-KA220-SCH-000156079
© 2024 READY4SCHOOL. All Rights Reserved
Design & Developed 🔐 by Innovation Hive