Завршна конференција во Северна Македонија

Завршна конференција во Северна Македонија

Конференцијата Ready4School под наслов „Подучување на вештини за подготвеност за училиште со примена на методи од бихејвиоралната анализа“ се одржа на 25 август 2025 година во Центарот за граѓански ресурси, во организација на Сина Светулка. Настанот го посетија 31 учесник, меѓу кои психолози, воспитувачи, специјални едукатори, претставници на предучилишни установи и општини, родители и вработени во невладините организации. Дневниот ред опфати презентации за проектот Ready4School, Алатката за проценка на подготвеност за училиште, едукативниот прирачник и мобилната апликација за дигитална проценка. Учесниците високо ја оценија организацијата на настанот, релевантноста на содржината и корисноста на материјалите. Поголемиот дел од нив го оценија настанот како одличен, а материјалите како многу применливи во нивната професионална работа.