“Вториот транснационален состанок од проектот Ready4School се одржа на 17. и 18. Октомври во Загреб, Хрватска. Овој заеднички проект собра заедно партнери од шест земји- Чешка Република, Република Северна Македонија, Кипар, Хрватска, Украина и Грција- за да разговараат за напредокот во поддршката на воспитувачите кои им помагаат на децата со нарушување во спектарот на аутизмот (НСА) полесно преминување во основно образование. За време на состанокот, партнерите споделија идеи, го разгледаа напредокот и ги планираа следните чекори во оваа важна мисија:
Конкретно:
– Низ разговорите со воспитувачите и професионалците за НСА во нашите партнерски земји, стекнавме подлабоко разбирање за предизвиците и потребите поврзани со подготовката за училиште.
– Создаден е сеопфатен едукативен пакет, вклучувајќи водич за наставни програми, планови за часови, листи на цели и анализа на задачи, листи со податоци за следење на напредокот, сите специјално дизајнирани да помогнат во надминувањето на потешкотиите на децата со НСА во подготовките за премин во училиште.
– Алатка за проценка за подготвеност за училиште прилагодена на децата со НСА достапна и во печатена форма и како корисничка мобилна апликација
– Наменска активност за учење, поучување и обука (LTTA) во Скопје, Република Северна Македонија, во април 2025, која вклучува 3 учесници од секоја земја- партнер, за дополнително усовршување на ресурсите.
– Локална обука на наставници во секоја земја, така што учесниците на LTTA во Скопје, ќе може да обучат 5 специјални едукатори во своите земји за користење на материјалите.
Следете нѐ и понатаму!”