Local training in Croatia

Local training in Croatia

💡 Центар за аутизам, Загреб беше домаќин на специјализирана обука/ работилница

во рамките на Ready4School проектот, финансиран од ЕУ. На обуката присуствуваа 26

воспитувачи и професионалци кои работат во предучилишното образование.

Учесниците имаа можност да истражат практични стратегии дизајнирани за

унапредување на предучилишното образование за деца со аутизам, кои го олеснуваат

преминот во основно образование, како и достапни дигитални ресурси.

Учесниците изјавија дека стекнале не само нови знаења, туку и практични алатки кои

ќе им помогнат во иднина. Исто така, тие рекоа дека дефинитивно ќе ги користат

материјалите и апликацијата и дека ќе одржат презентација за материјалите пред

своите колеги во предучилишните установи од кои доаѓаат.

Сите учесници добија официјален сертификат со кој се потврдува нивната

специјализирана обука за поддршка на подготовката на децата со аутизам за

училиште, како и нивната посветеност на инклузивни практики и поддршка на

образовниот успех на децата.

Уште еднаш им се заблагодаруваме на сите што дојдоа и активно учествуваа.🙌